Кикбоксерите на Лидер од Виница освоија три злата и бронза на „Балкан бест фајтерс“ во Ниш

Јане и Јани Постолов и Лука Змејковски од КБК Лидер од Виница освоија три златни медали на Меѓународниот турнир „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија, а Џесика Арсова бронза.

На турнрот учествуваа кик бокс клубови од сите балкански земји, но и клубови од Австрија, Унгарија или вкупно 15 земји учеснички.

Тренерот Дарко Гоцевски истакна дека е презадоволен, „бидејќи на овој натпревар кој е најмасовниот во кик бокс, имаше доста квалитетни учесници, а нашите најмлади шампиони покажаа уште еднаш дека се најдобри на Балканот и пошироко во нивната конкуренција“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON