Утре во Врашава се одржува двомечот Полска-Македонија во професионален кик бокс на„ДСФ кикбоксинг челинџ“ настанот.
Мики Ивановски се среќава со Камил Рута, Димитар Геориев со Лукаш Вичовски и Кристина Стојчевска со Дорота Годзина. Мики и Кристина ќе се борат во К-1 дисциплината, а Димитар во фулконтакт.
Нашите кикбосери се највени како ѕвезди, односно Ивановски како носител на бронзен медал од Европското првенство во Шпанија минатата година, а Димитар Георгиев како двократен светски шампион, кој годинава треба да ја брани титулата.
Погледнете ги видеата од официјалното мерење и јавниот тренинг.