Кикбокс маитаи федерацијата Македонија учествува на првата ВАКО работилница за развој на националните федерации

Кикбокс маитаи федерацијата Македонија учествува на првата ВАКО работилница за развој на националните федерации од 25-27 септември 2020 година. Работилницата се одржува во Истамбул, Турција, во заедничка организација на ВАКО и Турската кикбоксинг федерација.

Поради моменталната состојба со ковид-пандемијата во светот, присуствуваат претставници на 21 држави, а истовремено работилницата он-лајн ја следат претставници на 34 држави од светот.

„Главна тема на работилницата е „Добро управување – креирање статути, подзаконски акти, администрација и инфраструктура“; „како да се зголемува и управува со членовите на федерацијата (национална федерација- клубови-спортисти) и посебен акцент се стави на „обука за користење на новата база на податоци за национални федерации, клубови и натпреварувачи – RZsport”“, вели претседателот на нашата Федерација, Дејан Митровски – Урко.

Тој истакнува дека на работилницата лично обраќање имале претседателот на ГАИСФ, Рафаел Чули и претседателот на ВАКО, Рој Бејкер.

Работилницата е составена од предавања, интеракција помеѓу учесниците и размена на искуства.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON