Кик бокс семејство – Бобан Илиоски очекува повик од Глори, а Андријана гради фасцинантна манекенска кариера

Најдпбриот македонски кикбоксер и спортист на годината, Бобан Илисоки, зборува за предизвиците во 2025 година, но и за кикбоксот како основа за успех на неговата сестра Андријана на модните писти во светот.

Андријана е поранешна кикбоксерка, а неодамна имаше фасцинантен настап на Модната недела во Лондон, при што доминираше со својата убавина и елеганција со македонскиот симбол – сонцето од Кутлеш.

Годинава ја почна со настап на Државното првенство, но, за жал, не се појави противник на мегдан. Која е причи ната што не се појавуваат противници во рингот?

-Немав противник—најверојатно се плашеа, хаха… Се шегувам.

Кога може да го  очекуваме првиот меѓународен настап?

-Mоментално работам на мојата физичка подготовка и опоравување од повредите.

Кои се приоритетите оваа гоидна,  односно ќе има ли титули?

-Приоритетите оваа година ми се да бидам во топ форма и подготвен за секој предизвик што ме очекува.

Ќе го видиме ли Илиоски во Глори годинава?

-Очекувам повик во секој момент.

Вие сте во суштина спортско кик бокс семејство, но патиштата со Вашата сестра Андријана ви се разделија, таа отиде во манкенските води, каде што е многу успешна. Колку на неа влијаеше кикбоксот да се претстави на високо ниво манекенството?

-Да, и сестра ми тренираше кик бокс. Секако, тоа е одлична подготовка за женското тело, но нејзината прва љубов отсекогаш било манекенството. Таа професионално се занимава со моделинг, но никогаш не ја пропушта можноста да дојде и да тренира кикбокс.

ФОТО: Getty images

Како функционирате, и двајцата сте малди и успешни луѓе?

-Заедно функционираме одлично – си помагаме, се мотивираме и секогаш целиме само напред.

Таа моментално е во Лондон. Со што се претставува на модната недела? Какви се оценките за нејзините настапи на модната писта и за фустанот што го промовираше, инспирација од првото знаме на независна Македонија?

-Во моментов е во Лондон, каде што моделингот е на највисоко ниво. Исто така, таа е фотомодел за познати брендови, а последната модна ревија ѝ беше доста популарна на социјалните мрежи, со над 250.000 прегледи. На таа ревија настапи во дрес со македонското знаме и сонцето од Кутлеш.

Доаѓа ли да ги гледа твоите мечеви?     

– Сестра ми не пропушта шанса – секогаш кога има можност доаѓа да ме гледа на борбите. Мислам дека навистина ужива во тоа!

Фото: Бобан и Адријана Илиоска

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО