Кадир Алтунај од Турција ја спонзорираше кик бокс репрезентацијата на Македонија за Светското првенство во Будимпешта – Унгарија. Тој е сопственик на фирмата за опрема за боречки вештини „Драгон“.
Опремата на нашата репрезентација е доста впечатлива и се издвојува по дизајнот од другите, а посебно тренерките што ги добија во Будимпешта ја освоија публиката.
Претседателот на Кик боксинг федерацијата на Македонија Дејан Митровски – Урко имаше срдечна средба со Алтунај на СП, што може да се види и од фотографиите.
Ipon.mk/В.Д.