Познати противниците на македонските кикбоксери на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, по жребувањето кое се одржа денес.
Максим Митровски ќе има најтешка задача, бидејќи старува од осминафиналето, а Силвио Мировски од четвртфиналето, додека Марија Димовска и Лука Змејкоски од полуфиналето.
Ова е мала но одбрана екипа за високи дострели. Се надеваме ќе не израдуваат повеќе одличја.
Светско првенство кик бокс за кадети и јуниори:
Лоу кик
млади јуниори
-60 кг
Марија Димовска – Јелена Стојановиќ (Босна и Херцеговина) ½ финале
+81 кг
Лука Змејкоски – Владислав Лендел (Украина) ½ финале
постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Лисгарас Панагиотис (Грција)/ Челик Мемет Тана (Турција) ¼ финале
К-1
постари јуниори
-71 кг
Максим Митровски – Нажибула Ирисматов (Казахстан) 1/8 финале
На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.