Двомечот меѓу Послка и Македонија на „ДСФ кикбоксинг челинџ“ во Варшава заврши 3-0. Домаќините ги добија сите три борби.
Димитар Георгиев е поразен во професионалната кик бокс борба двомечот Полска-Македонија во Врашава на„ДСФ кикбоксинг челинџ“ настанот. Георгиев во дисциплината фул контакт се сретна со Лукаш Вичовски и го загуби со судиска одлука. Двајцата водеа исцрпувачка борба, а мечот го одлучија нијанси.
Мики Ивановски во К-1 го предаде мечот во втората рунда против Камил Рута, откако доби силен удар во десната потколеница.
Во главната борба на вечерта во К-1, Кристина Стојчевска беше поразена од Дорота Годзина на поени. Оваа одлука на судиите остава мал сомнеж, бидејќи во втората и во третата рунда Стојчевска имаше попрецизни удари.