Кик бокс маитаи федерацијата утре одржува изборно Собрание, засега најавена една кандидатура

  • Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија во годината што изминува забележа извонредни  успеси и како круна на тоа се шест номинации за избор на Спортист на годината, нешто што не и успеало на ниту една друга федерација, утре има изборно Собрание во Скопје, што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“.

Засега, кандидатура преку медиумите и социјалните мрежи објави четирикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев која допрва треба да биде поднесена до Собранието, а Комисијата да одлучува дали е валидна или не е. Тој најавува подобрување во развојот на кик боксот, како и промовирање на инклузивност и зајакнување на партнерствата.

Актулениот претседател Дејан Митровски-Урко очекува Собранието да му го продолување на мандатот.

Ние ќе потсетиме на номинациите на за „Спортист на годната 2024“:

1 – Спортист на годината – Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86 кг на ЕП во кик бокс маитаи, одржано во Атина, Грција;

2 – Спортистка на годината – Леа Бошевска, кик бокс маитаи, 5-то место во категорија -50 кг на ЕП во Атина, Грција;

3 – Млад спортист на годината – Силвио Мировски – кик бокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг на СП во Будимпешта, Унгарија;

4 – Млада спортистка на годината – Марија Димовска-кик бокс маитаи, 1-во место на СП во Будимпешта, Унгарија;

5 – Најуспешен тренер/селектор – Дејан Митровски-кик бокс и маитаи

6 – Најуспешна национална спортска федерација – Кик бокс маитаи федерација на Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО