Кик бокс и Бокс федерацијата договорија тесна соработка за поголем успех

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) и Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија (КМФМ) ќе имаат поголема соработка,откако вчера на семинарот во Охирд јавно беше нагласена соработката меѓу двете сродни федерации.

Од КМФМ на семинарот присуствуваа пртеседателот Дејан Митровски, како и Андреј Ѓоргиев и Ален Зекиров.

„Двете федерации ќе имаат отворена соработка. Ние како федерација ќе се вклучиме во боксот со уредно регистриран Боксерски клуб Магнус во Бокс федерацијата, со цел да го помогнеме во неговиот развој и со наши натпреварувачи придонесеме за поголема масовоност на бокс натпреварувањата. Да размениме искуства и како претседатели и водачи на двете федерации и натпреварувачите меѓусебно да стекнат нови искуства и да ги подобрат техниките. Сето тоа се прави за да го подобриме квалитетот на борците од двете страни, но незапоставувајќи го нашиот спорт кој оди во нагорна линија. Овие два спорта одамна требало да направат да си помагаат и имаат меѓусебна тесна соработка“, вели претседателот КМФМ, Дејан Митровски – Урко.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON