Крис Киборг на УФЦ 214 ќе се бори со шампионката во петел категорија на Инвикта, Тоња Евингер, во битка за титулата во перо на УФЦ. Сепак, таа го сврте вниманието на јавноса со изјавата за Ронда Русеј за која вели дека била погрешното лице на ММА.
„Мислам дека направивме грешка кога ја издигнавме толку многу Ронда, а таа сега не се бори, се пензионира, па луѓето не знаат кој е лицето на ММА. Не сакам да бидам тој човек. Сакам да направам многу работи за ММА и за категориите на жените, каде што има многу кадарни девојки“, изјави Киборг.
Киборг поодамна е најдобар борец во перо категорија, но различни околности и неподготвеноста на Жермеин де Рандамие ја спопрчија да се бори за титулата на УФЦ, ситуација која ќе биде поправена во саботата вечерта. Дана Вајт призна дека тој и УФЦ направиле грешка, а Киборг тврди дека е тешко да се поправи тоа, бидејќи нема начин како да се врати времето назад и да се избришат грешките. Сепак, таа е подготвена да работи со него во иднина, за да создаде добри односи.
„Му простувам, но мислам дека има многу последици кои треба да се случат“, изјави Киборг.
Киборг си ги отежна работите откако ја удри во лицето Ангела Магана за време на настанот УФЦ Атлет ретрит и падна на допинг тестот на УСАДА. Независно од тоа, викендов таа има можност да ги заборави тешкотиите во минатото и конечно да се бори за појасот на УФЦ, за кој е сигурна дека и припаѓа на неа.