Петар Спасеновски и браќата Давид и Глигор Петкови од Металург дефинитивно станаа членови на Макпетрол, а за тројцата е платено отштета од 12.150 евра по одлуката на Регистрационата комисија на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) да не ја уважи жалбата на Металург со која се побаруваа 15-тина илјади евра обештетување.
КФМ, односно Комисијата, ја развлече одлуката и не ја донесе во пропишаниот рок, па така главната ѕвезда на преодниот рок Петар Спасеновски, за кого е платено обештетување близу 7.000 евра, ја чекаше разврската до последен момент.
Така Макпетрол пред Државноно сениорско првенство на 2 септември во Штип доби големи засилувања.
1.Глигор Петков_____________________________2.130,00 евра
2.Давид Петков______________________________3.280,00 евра
3.Петар Спасеновски_________________________ 6.740,00 евра
Вкупно: 12.150,00 евра
Ipon.mk