И „благодариме“ на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) што ни ја „испрати“ реакцијата до сите медиуми.
За оние што му мислат добро на каратето обајвуваме наводи од реакциите која е во стилот „сакам да кажам, ама не можам да речам“ по повод резултатите на каратистите на Македонската традиционална карате федреција на Европското првенство кое се одржа викендов, а кои добија одглас во медиумите. По се изгледа ако не се огласеа Живко Дракуловски и Горан Алексов, КФМ ќе беше во длабок зимски сон.
Од КФМ навдеуваат дека Светската карате федерација (WKF/ВКФ) е повеќегодишен партнер на IOC/ИОК и дека каратето конечно го добие статусот на олимписки спорт. Потоа се истакнува истражувањето на ИОК спроведено преку KPGM, една од најголемите светски компании за ревизија и истражувања, а со кое беше утврдено дека 96,8 отсто од сите кои се инволвирани во каратето се во системот на ВКФ, однонсо дека има над 10 милиони активни каратисти во 193 држави.
„Сите други таканаречени сродни организации вкупно партиципираат со минорни 3,2 отсто. Заедно со уште неколку други значајни промени во изминатиот циклус во самата светска организација, тоа беше еден од главните фактори за влез на каратето на Олимписките игри. Истовремено помогна и за расчистување на состојбите со паралелизмите во глобални рамки кои долго време беа главна пречка за идентификување на реалната слика на спортот“, се истакнува во реакцијата на КФМ.
Затоа по долгогодишно следење на состојбите во спортот ИОК се определи да има ексклузивно само една организација на глобално ниво и тоа е ВКФ, која е носител и синоним за каратето и долгогодишен партнер на Олимпискиот комитет. Сите оние кои во моментов не се во нејзиниот систем, можат да се приклучат во натпреварите организирани од Светската карате федерација, преку нејзините национални федерации. Затоа и нивната јасна препорака да се известат сите Национални олимписки комитети во поедини земји со цел да го сторат истото, да ја признаат само Националната федерација која е членка на ВКФ. Исто така, доколку поедини Национални Олимписките комитети случајно имаат признато уште некоја членка која се декларира дека врши дејност карате, веднаш да ја исклучат од членството и да ја известат дека согласно глобалната политика на ИОК, таквата организација да ја пренасочат да се обрати кон домашната карате федерација која е членка на ВКФ. Секако, за да нема дискриминација кон никој кој се декларира дека се занимава со карате, тие таканаречени „сродни“ организации можат слободно да аплицираат за учество на нивните клубови и натпреварувачи во системот на Националната карате федерација, која ќе им овозможи рамноправни услови да влезат во системот на натпревари“, се вели во реакцијата.
За потоа да се исткане дека Карате федерацијата на Македонија (КФМ), како члкенка на ВКФ, единствено е надлежна за каратето во нашата држава и нејзина обврска е да се грижи за имплементирање на укажувањата и препораките од Светската карате федерација, во соработка со ИОК.
КФМ ги информираме медиумите и јавноста дека не смеат да бидат манипулирани од поединци или организации кои не се во системот на КФМ која е признена од Македонскиот олимписки комитет и од Агенцјата за млади и спорт.
„Сите други форми на таканаречени „европски“ и „светски “ првенства во која било друга организација која се декларира дека се занимаваат со карате не ги смета релевантни, туку напротив, ги третира како штетни организации кои сериозно работат на создавање конфузија и нарушување на угледот на единствената призната организација од страна на ИОК“, истакнуваат од КФМ.
Но од КФМ не сакат да кажат, за да не се замерат со МОК и со АМС, дека и МТКФ е членка на овие значајни спортски институции во нашата држава.
За на крај да кажат нешто што господинот Масао Кагава, претседател на Техничката комисија на ВКФ, минатата година во ексклузивно интервју го кажа за IPON.mk и кој никој не го удостои да го посети во Охрид,ниту па оваа година. Во суштина, тој е човекот што пресекува.
„Ги известуваме сите заинтересирани кои се претставуваат дека работат карате, дека за вклучување во системот на натпревари можат да се обратат до Карате федерацијата на Македонија. Само тоа е патот до настапување на официјалните првенства и можност за постигнување реални резултати во рамките на единствената светска организација призната од ИОК, како и можност за остварување на олимписка норма за Токио 2020 година“, се вели во реакцијата на КФМ и нејзиниот претседател Драги Стојановски.
Ipon.mk/В.Д.