Вјачеслав Дацик е еден од најактивните борци во Русија во моментов.
Пред само шест дена 43-годишниот „Ред Тарзан“ настапи во Самара на турнирот на Урал ФЦ, во кик-бокс борба тешко го нокаутира Џеронимо дос Сантос. Сега Дацик учествуваше на турнирот на РЕН ТВ Фајт клуб, што се одржа во Москва.
Овој пат борбата беше по боксерските правила. Дацик се сретна со многу тежок противник, Кевин Џонсон, кој е многу искусен и вешт боксер. Џонсон беше многу подобар од Дацик и го совлада со одлука по 3 рунди.
По битката Кевин му се обрати на Владимир Путин и му побара руско државјанство.
„Би сакал да му се обратам на Владимир Владимирович. Сакам да добијам државјанство и да живеам во Русија. Имам голема причина.
Почесто ќе се гледам со мојот голем пријател Александар Поветкин“, изјави Џонсон по борбата.