Кендо репрезентацијата утре ги почнува борбите на Светското првенство во Ј. Кореа (ФОТО)

Македонската кендо репрезентација од 14 до 16 септември ќе учествува на Светското првенство во Инчеон, Јужна Кореа.

Селекторот Златко Кескоски, воедно и претседател на Федерацијата, се одлучи речиси за истиот состав кој во Истанбул, Турција го освои бронзениот медал.

Во составот на репрезентацијата се Андреј Атанасовски, Матеј Ивановски, Владимир Кесковски, Владимир Пешков и Менсур Бојда кои во групата со Аргентина и Кина ќе треба да остварат две победи и да продолажт во елиминацискиот дел. Ако го поминат првиот круг во осминафиналето вкрстуваат со најдобриот од првата група во која се Јапонија, Латвија и Нов Зеланд. Јапонија е еден од фаворитите за златниот медал.

Во поединечна конкуренција Ивановски ќе се бори со А.Сегафи од Унгарија и А.Виквист од Финска, а Кесковски против С.Апеланиз (Шпанија), додека Пешков ќе му се спротивстави на шампионот на Јапонија Ј. Кацуми и на Д. Гаслариќ (Хрватска), Атанасовски се среќава со К. Јервуд (Полска) и Б. Вонг (САД).

На СП ќе настапат над 500 натпреварувачи од 43 држави.

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON