Најдобриот боксер во моментов Васили Ломаченко (14-1, 10 КО) ги освои титулите на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Светската боксерска организација (ВБО) во лесна категорија. Украинската спортска сензација го згази противникот убедливо со едногласна одлука на судиите (119-108, 119-108, 118-109) британската надеж во категоријата Лук Кембел (20-3, 16 КО) пред „неговата“ публика во „О2 арената“ во Лондон.
Иако не се случува толку често, бројниот израз во судиските картички целосно го одразува она што го покажаа двајцата боксери во рингот. Со исклучок на првата рунда, (и нешто од втората), Ломаченко ја искористи својата супериорност и ја јасно демонстрираше разликата во класи меѓу нив.
Во 11-та рунда украинскиот борец го прати противникот во нокдаун по серија удари, зададени со десната рака од блиска дистанца,при што Кембел падна на коленото и го допре подот со десната ракавица. Англичанецот е првиот по Педрас кој издржа 12 рунди со Ломаченко, за што заслужува честитки и пофалби.
Тој не се откажа до последниот момент, иако имаше сериозни шанси да не падне повеќе од еднаш во нокаут – во седмата рунда, кога Ломаченко веќе значително го зголеми темпото, Кембел се обиде со неуспешн клинч и беше изудиран и истуркан до јажињата, и изгледаше дека не е баш најдобар, но судијата во рингот интервенираше да му даде неколку секунди одмор. Во последните моменти од 12.рунда Ломаченко продолжи да го унказува противникот со комбинации, а за да не падне повторно, Кембел се довде во комична ситуација факаќји ја ногата на Лома и го собори во рингот.
Судијата дозволи многу нечисти техники од страна на Кембел и тоа до некаде му вршеше работа, но од третата рунда Ломаченко беше неоспорен господар во рингот. Техниката, брзината, прецизноста и кондициската подготовеност на Украинецот беа совршени и супериорни во однос на неговиот ривал.
Така, потполно заслужено Ломаченко е шампион на три од четирите федерации во лесна категорија и продолжува да ги освојува врвовите во боксот. Тој е исто така шампион на ВБО во двете пониски категории – јуниор лесна категорија и „перо“.