Игор Бугаенко победи уште едно ценето име.
32-годишниот Белорусин на АЦБ Кикбоксинг во Париз во мечот до 95 килограми го победи со едногласна одлука на домашниот борец Фреди Кемајо.
Тоа му беше девета последователна победа, а за време на неговата кариера ги освои титулите на СуперКомабт во тешка категорија, победник на Татнеф купот и турнирот Венум виктори светската серија.
Дарил Зихтман со тежина од 77 килограми ремизираше со Кирил Бензакен.
Во оваа тежина Џибрил Еуо го победи некогаш големата надеж Јури Бесмертни.
Мохамед Дијаби на бодови го доби Розарио Прести.
.