Британската боксерска супер ѕвезда, Кел Брук, продолжува да демонстрира самодоверба пред дербито со другиот непоразен боксер, Генади Головкин.
Tие ќе сретнат во сабота на галавечерта во Лондон. Дуелот е за светските титули во средна категорија.
„Луѓето се плашат од Головкин уште пред да се качат на рингот. Со мене нема да биде како порано. Тој е човек како и сите нас. Подобар боксер сум од него. Способен сум секого да го нокаутирам, ако го погодам во лицето. Ако се придржувам до мојот тактички план, ќе победам“, рече Кел Брук.