Светскиот боксерски шампион во полусредна категорија на ИБФ, 29-годишниот Британец Кел Брук, може да се сретне со поранешниот шампион и негов сонародник, Амир Кан, на 4 јуни.
Веста беше потврдена од менаџерот на Брук, ЕдиХеарн. Според Хеарн двете страни усно се согласиле за мечот кој ќе се одржи во текот на летото на фудбалскиот стадион „Вембли“ во Лондон.