Кел Брок ја откажа борбата со Аргентинецот Дијего Чавес за одбрана на титулата во велтер категорија ИБФ верзија со повреда на реброто.
Британецот во текот на спаринг тренингот го повредил реброто поради што е откажан мечот против Чавес кој требаше да се одржи на 24-ти октомври во Шефилд.
„Кел очајнички сакаше да боксува, како и да е, тоа беше невозможно“, велат луѓето задолжени околу натпреварот.
„Ќе се обидеме да закажеме нов дуел за Брок сезонава“, рече бокс промотерот Еди Херн.
Брок (29 г.) требаше по трет пат да го брани шампионскиот појас во бокс рингот.
Досега Британецот може да се пофали со 35 мечеви и победи во секој, од кои што 24 пати со нокаут.
Чавес (29 г.) боксираше на 26 меча и оствари 23 победи од кои 19 со нокаут, има една нерешена броба и два порази.