Карате клубот Кеикс од Скопје денес настапува на eден од најмасовните регионални турнири „Босна опен“.
„Поради проблемите со патните исправи настапуваме во скратен состав, но овој натпревар е еден од најквалитетните на кој клубот настапува секоја година се со цел да го подобриме квалитетот, а тоа е можност само таму каде што учествуваат најдобрите“, изјави тренерот на клубот Елвир Куртановиќ и доддае: Ќе го дадеме максимумот во моментот и се надеваме на добри резултати“ .
На тунирот настапуваат 1332 каратисти од 8 држави, односно 111 клуба.