Најдобар клуб во борби на Меѓународниот карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ е КК Кеикс од Скопје со 12 освоени медали – 8 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.
Златните медали ги освоија: Николина Милорадовска, Убејд Дураковиќ, Сајра Морина, Бериз Куртановиќ, Ангел Митев, Арта Буши, Јанина Дардишта и Омер Курти.
Сребрен медал: Славе Ефремов.
Бронзени медали: Јасин Османи, Јусра Адеми и Давид Попчевски.
На вчерашниот турнир во Скопје на КК Металург учествуваа 30 клубови.
Ipon.mk