Каванаг: Мек Грегор ќе мора да ме увери за да продолжам да го тренирам

Тренерот на Конор Мек Грегор, Џон Каванаг, вели дека постојат добри причини дека повеќе нема да го тренира поранешниот шампион на УФЦ.

Во интервју за „Сандеј индепендент“ изјави дека ќе му треба добра причина да ја продолжи со работа со Мек Грегор.

„Мора да ме убеди за повторно да работам со него“.

„Уживав во патувањето што го имавме, но потребена ми е валидна причина. Тоа може да повторно биде Најте Дијаз, бидејќи ја вети таа борба. Би можел да биде реваншот против Хабиб Нурмагомедов“. Но, ако само ми рече: „Еј, сакам да се борам со некое момче“, мислам дека само ќе му посакам среќа“.

„Има сопруга и две деца и не сакам да прима повеќе удари отколку што е потребно. Хабиб го погоди со ударот каков што никогаш не добил во кариерата. Дури и Супермен со текот на времето успорува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON