Каванаг: Конор не го мотивираат само парите, ќе се врати во УФЦ

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, треба да се сретне со Флојд Мејведер на 26 август оваа година. Љубителите на боксот во голема мерка ова средба ја неркуваат – „шоу за пари“. Имајќи го во предвид ова, сепак, тренерот на Ирецот, Џон Каванаг, изјави дека парите не се најважни за Мек Грегор.

Во интервју со Ариел Хелвани за ММА час, Каванаг објасни што најмногу го мотивира шампионот на УФЦ.

„Не гледам причина зашто нема да се врати во УФЦ. Се разбира, парите не се причината поради која тој евентуално не би се вратил во УФЦ. Ми кажа многу јасно: „Подгответе се, се враќаме во кафезот во декември“. Се надевам дека некој таму го предизвикал неговиот интерес и го возбудил“, изјави Каванаг.

„Веќе парите не го мотивираат. Многу лесно би можел да направи слични пари, како да сними неколку филмови. Тоа е предизвик за него. Затоа е во салата по цел ден и се забавува. Ако ја напушти салата и престане да се бори, што ќе прави во слободното време? Истовремено може да седете само во еден автомобил, да јадете само еднаш. На крајот, сакате да правите нешто што е пријатно за вас и ве заинтригира. Токму затоа Конор ќе се врати во салата. Тоа е она што го забавува“, додаде Каванаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON