На традиционалниот Меѓународен карате турнир „Солидарност опен 2015“ најуспешна беше екипата на Урбан инвест од Квадарци со вкупно освоени 37 медали, од кои 14 се златни, 12 сребрени и 11 бронзени.
На турнирот учествуваа 49 клуба од три земји (Македонија, Црна Гора и Србија) со 53 натпреварувачи.
Втора по успешност беше екипата на Фунакоши Гичин од Скопје со 19 медали (8-4-7), трет е Металург од Скопје – 15 медали (8-3-4), потоа следуваат скопските екипи Форца – 20 медали (7-3-10) и Солидарност – 18 медали (6-5-7) итн.
Овде може да ги видите сите резултати од „Солираност опен 2015“.