Катерина Николоска е првиот џудист што ќе ја претставува Македонија на една Олимпијада, а на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро и единствениот спортист од боречките спортови.
Сигурно за секого е предизвик да се настапи на ОИ, но и обврска, при што чувствата работата со поголем адреналин.
„Чест и задоволство ми е да ја претставувам Македонија како прва џудистка на 31-те Олимписки Игри во Рио. Самото учество за мене претставува остварување на мене како личност, како спортист и понатамошна референца за мојата кариера. За џудото во Македонија ова преставува испишување на историја, за прв пат македонското џудо да се појави на етни Олимписки игри. Исто така, претставува мотив за уште поупорна и понапорна работа во иднина, било како натпреварувач или како тренер“, вели Катерина Николоска и додава:
„Самото појавување на македонското џудо на ОИ, благодарејќи на мојата упорна работа и подршката Македонскиот олимписки комитет, Меѓународниот олимписки комитет, Интернационалта џудо федерација и несебичната работа од Џудо клубот Миоки, се надевам дека ќе побуди интерес кај младите надежни џудисти да вложат повеќе во себе и да не се штедат при тоа, но и да веруваат во себе. Рејтингот ќе порасне, а топло им препорачувам на надлежните да го искористат тоа и тие понапорно да работат и создадат подобри услови за џудистите и полесно и почесто да ги носат на интернационалните европски и светски купови и тренинг кампови“.
Дали постои надеж за изненадување, ако с еима во предвид дека нашата репрезентативка патува со вајлд карта, што, всушност, не ја вбројува во можните кандидатки за медал, туку во аутсајдерска позиција?
„Олимписките игри се како секој турнир и првенство, но кој секој учесник ја добива својата прилика. Секој влегува во борба со целата своја снага и да го даде својот максимум. И, секој кој се бори, сака да победи и сигурно до последната секунда нема да се предаде. Свесна сум за конкуренцијата, но исто сум свесна колку работев, а работев со полна пареа и темпо како и конкуренцијата. Така да, за никој неможе да се каже дека е аутсајдер. Историјата од Лондон 2012 покажа дека од џудистите од кои не се очекуваше нешто, дури и освоија медал, а џудистите кои беа фаворити, светски и олимписки шампиони изгубија во првата борба. Не сум фаворит во мојата тежинска категорија, но тоа не значи ништо.
Учеството на овие олимписки игри го остварив со добивање на покана што не ми претставува психчка блокада. Нема да се оптоварувам со резултатот и медалот, туку само ќе се концентрирам на денот на турнирот да го дадам својот максимум, да се борам до последната секунда во секоја борба. Верувам во себе дека можам рамноправно да се натпреварувам со конкуренцијата која ме очекува“, истакнува Николоска.
Во годината пред ОИ Николоска настапи на повеќе Купови и на Европксите игри, но статистиката на добиени и изгубени борби повеќе претежнува кон поразите. Сепак, таа преку МОК во последните месеци учествуваше на неколку тренинг кампови во Европа и како што рече нејзиниот тренер Игор Паскоски таа е во полна форма пред Игрите.
„Верувам, чуствувам и знам дека многу имам напреднато и дека сум на ниво повеќе и рамноправна, како во технички така и во тактички поглед, во светот на елитното џудо. Во тренажниот процес и спаринзите со врвнитее џудисти се здобив со поголема сигурност, но и самодоверба. Многу тренери препознаа талент и потенцијал во мене и покрај бројните проблеми. Ми се восхитуваа што сепак, воопшто, сум останала мотивирана, упорна и посветена да тренирам се повеќе и повеќе. Да се поченло со мене од порано, со ваква работа и во вакви услови оваа статистика која денес, за жал, ја има, со моја голема упорност за успех денес би била поинаква“, категорична е олимпијката Николоска.
Ipon.mk/В.Д.