На вчерашното Собрание на Џиу џицу федерацијата на Македонија во хотелот „Изгрев” во Штип беше избрано новото раководство на Федерацијата за наредните четири години.
За претседател е избрана Катерина Бошковска, магистер по економија, со завршено образование во Германија, зборува три јазици – германски, англиски и албански. Таа е член и основоположник на Федерацијата, носител на црн појас 1 дан во џиу џицу. Директор во ЈП ” Комунална хигиена” – Скопје.
За потпретседател е избран Виктор Велинов, дипломиран правник, угледен бизнисмен од Штип, во фирма која вработува околу 100 луѓе, плус Агенција за обезбедување, зборува два јазика, италијански и англиски. И тој е член основоположник на Федерацијата, носител на масјторски појас 2 сан во џиу џицу.
Генерален секретар Ицо Колевски – дипломиран правник, угледен адвокат од Скопје, зборува два јазика, англиски и унгарски, во Федерацијата е од самото основање.
Спортски директор Александар Ацевски, магистер за безбедност, член основоположник и идеен творец на Федерацијата, претседател на комисијата за полагање повисоки појаси, селектор на репрезентација, зборува англиски јазик, вработен во „Водовод”- Скопје.
На Собранието се донесени повеќе заклучоци, седум правилници за работа, формирани се две комисии – Дисциплинска и Комисија за жалби.
Исто така за претседател на судиска комисија е избран Христијан Јованов од Штип, кој во моментов има национална А лиценца.
Исто така започната е постапка за прием на нов клуб во Федерацијата.