Катерина Ацевска го о свои бронзениот медална Европско првенство во џиу џицу за У-16, У-18 и У-21 во Веркуин, Франција. Авецска во борбата за бронзата славеше против Унгарката Ана Вираг Дудаш 17-12.
„Три држави победиве и, пак, се враќаме без злато. Италија 13 – 8 (нашата натпреварувачка водела против Маза, но судијата оценил дека нашата репрезентативка зборува и ја дисквалификува, односно губи со 0-50 – н.з.), Грција фул ипон 50 – 0 и Унгарија 17 – 12. Првата борба, и покрај резултатот, дисквалификација за Катерина поради зборување. Ја удираат во стомак, она вика „офф лелее“ (судијата цени дека се обраќа на противничката и затоа ја дисквалификува). Втора борба против натпреварувачка од Грција победа. Борба за трето место против Унгарка, победа.
Задоволен сум со бронзен медал, имам за што да жалам“ вели селекторот Александар Ацевски.
Инаку, Ацевска се врати по водството на Унграката од 1-9 и победи.
Ова е прв медал од европските првенства за Македонија.
Ева Димитрова која настапуваше во истата категорија го зазеде седмото место.
Вчера Данил Николиски беше петти.
На ЕП настапуваат 819 натпреварувачи со 870 натпреварувачи велзови од 27 држави.
Резултати – Европско првенство:
У-21
+ 70 кг
Ева Димитрова – Ана Вираг Дудаш (Унгарија) 0-50
Репасаж
Ева Димитрова – Дијана Скрипнјук (Украина) 0-50
Катерина Ацевска – Федерика Маза (Италија) 0-50 дисквалификација
Репасаж
Катерина Ацевска – Зои Фрагикудаки (Грција) 50-0
За бронза
Катерина Ацевска – Ана Вираг Дудаш (Унгарија) 17-12