На најсилниот сениорски џиу џицу турнир „Гранд при Париз“, кој ги собира најдобрите натпреварувачи во светот, Македонија ја претставува Катерина Ацевска во категоријата над 70 килограми.
„Ова е прв турнир на кој Катерина настапува како сениор и прв турнир по повредата на дланката. Во нејзина категорија најдобрите 10 сениорки во светот, сите околу 30-годишна возраст и со повеќегодишно искуство како сениори. Одлична можност за борби со најдобрите, стекнување на искуство и претставување на државата. Би бил задоволен доколку дојдеме во првите пет“, вели селекторот Александар Ацевски.
Ацевска утре во првата борба ќе ги одмери силите со Германката Ања Гуерке.