Според најновата Светска ранг-листа во џиу џицу, Катерина Ацевска е четврта во светот за јуниори.
Ацевска во генералниот поредок во сениорска конкуренција е 16-та.
„Тоа се должи на одличните резултати што Катерина ги постигна во Италија, Белгија, Словенија и Романија, во периодот март – мај 2024 година и што во моментов е eвропски вицешампион. Само неколку бодови ја делат од третото место“, велат од Македонската џиу џицу федерација
Ианку, Ацевска е европски вицешампион, 16-та во светот во сениорска конкуренција, државен првак во џиу џица и во јуниори и во сениори, но и во џудо, што зборува за нејзината сестраност во боречките спортови.
Сепак, тука не запира, веќе утре патува на Балканското првенство во Романија со надеж дека ќе го нападне најсјаниот медал.