Карлос Такам (36-5-1) со нетрпение ја очекува битката со Александар Усик (16-0), која ќе се одржи во септември. Тие требаше да се бори на 25 мај во Мериленд, но повредата на бицепсот на Усик ја одложи средбата.
Во моментов, Такам бара противник затоа што сака да направи борба пред септември, но решен е да му го зацрни дебито на Усик во тешка категорија.
„Ќе се борам против Усик во септември. Не знам уште дали ќе биде во САД или во Англија. Зошто да не земам учествуво на галавечерта на 20 јули? Нема да чекам. Мислам дека можам да направам борба пред таа во септември. Подготвен сум за секого и не ми е гајле. Слушнав дека тој ќе биде неприкосновен предизвикувач на ВБО и мислам дека тоа е голема грешка. Бев многу изненаден од оваа информација.
Тој не борел во тешка категорија и сите сме збунети. Се надевам дека ќе биде подготвен, затоа што ја чекам борбата и знам дека ќе ја добијјам. Ќе го нокаутирам. Тој е брз и добар боксер. Го почитувам, но тој сè уште не е ударниот борец во тешка категорија. Го очекувам во септември“.
Усик успеа да ги одбрани појасите со нокаут против Тони Белју во ноември минатата година. Такам (36-5-1, 28 КО) имаше два последователни порази со нокаут, но во декември минатата година успеа да се ослободи од тоа со нокаутот против Сенад Гаши.