Карлос Такам (34-3-1, 26 КО) и понатму се држи при врвот на тешката категорија.
Во првата борба по поразот од Џозеф Паркер, 36-годишниот француско-камерунски боксер во кинескиот Макао во четвртата рунда го нокаутира на Полјакот Марсин Раковски (17-5, 14 КО) и ја освои интерконтиненталната титулата во тешка категорија на ИБФ.
Такамори во мечот влезе со 112, а Полјакот со 107 килограми.
На истиот настан Филипинецот Џервин Анкаџас (26-1-1, 17 КО) за прв пат ја одбрани титулата на ИБФ во супермува категорија. Мексиканецот Хозе Алфредо Родригез (32-5, 19 КО) не можеше да ја продолжи борбата по седмата рунда поради повреда на рамото.
https://youtu.be/Po-YNbY7_BU
https://youtu.be/UB5HUYc5PGw