Светскиот шампион во суперсредна категорија, Карл Фроч – Kобра (Англија), може би ќе има средба со страшниот нокаутер од пониската категорија, Генади Головкин (Казкстан). Двете страни веќе преговараат за средбата, која може во текот на оваа година да се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Вестта беше соопштена од промотор Еди Хорн, кој имаше ексклузивно интервју за „Џа Меил“.
Фроч последната борба ја имаче минатата година во мај, кога го нокаутира Џорџ Грувс. Од друга страна, Головкин во сабота навечер ја продолжи серијата од 20 последователни нокаути. Се уште не е јасно во која категорија ќе се сретнат двете ѕвезди.