Поранешниот светски шампион, а сега боксерски коментатор Карл Фроч смета дека Тајсон Фјури, доколку повторно загуби од Александар Усик во реваншот, по мечот би можел да објави крај на кариерата.
Во средината на мај Усик го победи Кралот на Ромите со поделена одлука во мечот за апсолутен шампион во тешка категорија.
Двајцата актуелни тешкаши веднаш се договорија реваншот да се одржи на 21 декември во Саудиска Арабија.
Но, боксерската возбуда во кралската дивизија започнува следниот месец на 21 септември, кога Ентони Џошуа кој ја брани титулата на ИБФ и Даниел Дубоа ќе се борат на Вембли.
Победникот од таа борба следната година најверојатно ќе добие меч со подобриот од борбата Усик – Фјури и повторно ќе биде борба за обединување на појасите во тешка категорија.
Иако тешкашите ги очекува возбудлив период, Карл Фроч верува дека доколку Фјури повторно загуби од Усик, би можел да се пензионира.
„Ако загуби од Усик, мислам дека тоа ќе биде последен пат да го видиме Тајсон Фјури во рингот“, изјави Карл Фроч и додаде:
„Беше одличен за спортот, но ако Усик ја заврши работата, што мислам дека ќе ја направи, верувам дека ќе си замине“.