Утре во Дубровник, Хрватска, започува 16. Балканско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.
Македонија ќе претствуваат провопласираните тројца од Плеј-офот за кадети, јуниори и јуниори до 21 година.
Во Дубровник се сите ученици на Светското првенство во Џакарта, Индонезија, но и истакнати каратисти кои не отпатуваа таму, како Мартин Стојменов, Петар Заборски, Столе Смилков, Ангела Мојсовска и други. Голема надеж за успех на македонските каратисти се вицешампионките од СП, Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа, потоа Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Азиз Исмаил, Фаик Весели, Филип Несторовски, Моника Пендаровска, Вероника Костовска, Вјолца Гафури, Доан Османи, Ферри Исиќ, Абдурахим Идризи и другите репрезентативци од големата 104 члена експедиција.
На тренерите на репрезентацијата Арлин Хусеини-јуниори 21, Александар Кузмановски-јуниори и кадети и Златко Димоски –кати, ова ќе им бид епоследната можност за одредување на репрезентацијата за Европското првенство идната година во Кипар.
Ipon.mk/В.Д.