Каратистите во нов поход на медали на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будимпешта

Младите македонски каратисти од 7 до 9 февруари ќе настапат 47. Европско првенство во карате за кадети, јуниори и У-21, кое најмасовно првенство досега, со рекордни 1155 натпреварувачи од 52 земји.

Македонија ќе ја претставуваат 36 каратисти, 32 во поединчена конкуренција борби и кати и два ката тимови – мажи и жени.

Во составот на нашата репрезентација има веќе искусни проверени каратисти од кои се очекува медали од ЕП, како и млади натпреварувачи кои ветуваат многу со своите резултати. Во нашиот табор очекуваат три до пет медали.

Во Будимпешта денеска ќе заминат: Роберто Ацковски, Јусра Адеми, Верона Ајдини, Мартина Арсовска, Георги Бановски, Матеј Белистојаноски, Магдалена Божинокса, Арта Буши, Теодора Цветковска, Кренар Џафери, Бојан Костов, Марко Костов, Вероника Костовска, Бериз Куртановиќ, Јована Манчевска, Дргана Манговска, Љупче Михајлов, Марија Милева, Михаела Мишовска, Сајра Морина, Вегим Мурати, Александар Неделковски, Ѓорги Петров, Марија Петровска, Мартина Шахинова, Марко Смилевски, Столе Смилковски, Давид Спасовски, Стефан Стојановиќ, Марио Свинарски, Витомир Трајковски и Хамза Зилали.

Ката тимот мажи е во состав Андриќ, Бајовски, Спасовски, а женскиот го сочинуваат Алексовска, Арсовска и Гашева.   

Ipon.mk   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON