Каратистите на Милошевски маршал артс имаа забележителен успех на турнирот „Џенифер Малој“ во Чикаго освојувајќи 18 медали – 7 златни, 4 сребрени и 7 бронзени.
„Натпреварот беше организиран на 10 татами во две спортски сали со учество на 700 натпреварувачи. Нашиот тим настапи со 14 натпреварувачи меѓу кои имаше и неколку каратисти од 3 години, за кои ова беше прв натпревар. Задоволен сум од постигнатиот резултат и голема благодарност до родителите и до нашата македонска црква „Св. Кирил и Методиј“ за нивната поддршка без кој овој резултат е невозможен“, вели тренерот Дејан Милошевски.