Каратистите на Лескаровски продолжуваат со успесите во Швајцарската карате лига, освоија пет медали

Во третото коло на Швајцарската карате лига 2024 што се одржа изминатиов викенд натпреварувачите на КК Кашивакан на нашиот истакнат тренер и карате мајстор Борче Лескаровски има забележителен успех освојувавјќи пет медали – 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени.

Медалите ги освоија:

Јуниори
-55 кг Тансел Цихан – златен
-68 кг Јан Контрерас – бронзен

Кадети
-54 кг Лијан Тило Гама – сребрен
-61 кг Алина Курти – бронзен

У-12 кати до 10 години
Рајана Селмани – бронза

„Браво деца! Се гордеам со Вас!“, беше краток коментарот на Борче-Борис Лескаровски по овој успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО