Каратистите на Кизаме обезбедија две финалиња и две борби за бронза на „Марсеј опен“

Сигурен настап и вредни резултати на караристите на Кизаме на Меѓународниот турнир „Марсеј опен“ во Франција, обезбедени две финалиња и две борби за бронзени медали. За златниот медал ќе се борат Мила Николова и Илијана Серафимова, додека Андреј Стојчевски и Јован Врклевски за бронзи.

Борбите за медалите се утре.

Турнирот е последна проверка пред Европското првенство за кадети, јуниори и и У-21 во Биелско Бијала, Полска, од 4 до 6 февруари.

На ЕП ќе настапат Серафимова, Стојчевски и Врклевски.

На турнирот настапуваат 774 каратисти со 784 натпреварувачки влезови од 34 држави.

Резултати Марсеј опен:

Кадети
-54 кг
Мила Николова – Манон Френсес (Франција) 4-3
Мила Николова – Ранија Ел Мутади (Франција) 6-0
Мила Николова – Наз Јешим Темиз (Турција) 3-3
Финале
Мила Николова – Мирај Синем Ердоган (Турција)

Јуниори
-53 кг
Илијана Серафимова – Леила Мансури (Франција) 2-0
Илијана Серафимова – Марта Еча (Франција) 4-1
Илијана Серафимова – Леилани Енгдал (Шведска) 4-0
Финале
Илијана Серафимова – Сар-Икрам Уикене (Франција)

-61 кг
Андреј Стојчевски – Нолан Морлет (Франција) 6-1
Андреј Стојчевски – Нојал Бухараз (Франција) 4-0
Андреј Стојчевски – Рајан Шател (Франција) 4-1
Полуфинале
Андреј Стојчевски – Славаторе Серино (Италија) 2-6

-68 кг
Јован Врклевски – Амари Месуд (Франција) 1-0
Јован Врклевски – Пабло Паскал (Франција) 3-1
Јован Врклевски – Јунус Туре (Франција) 3-1
Полуфинале
Јован Врклевски – Ахмед Насер (Шведска) 0-8
За бронза
Јован Врклевски –

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО