Каратистите на Фунакоши Гичин освоија 7 злата во Италија и 8 медали во Словенија (ФОТО)

Младите каратисти на Фунакоши Гичин постигнаа успех за почит на Европскиот куп Карате либерта 2019 во Каорле – Италија, од осум натпреварувачи седум се закитија со златни медали, што се одржа изминатиот викенд.

Медалите ги освоија: Јована Манчевска (ф3), Христијан Андриќ (М1), Андреј Стојановски (М1) и Давид Спасовски (М3) во кадетска конкуренција, а Каролина Јанчовска (Ф3) и Александар Спасовски (М3)во јуниорска, додека Сара Трпковска во У12.

На турнирот учествуваа 600 натпреварувачи од 45 клуба во  кати.

Од Фунакоши Гичин потенцираат дека имале одличен настап и чесно судење.

Претходниот ден каратисти на клубот настапија на Купот Кунескиот коњ 2019 во Словенија. Во вкупниот пласман од 88 клубови Фунакоши Гичин е на 14 место со 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медали. За разлика од Италија, во Словенија судењето било лошо и во неколку наврати каратистите се оштетени.

Александар Спасовски (М3) сребро во јуниори и бронза во У-21, Каролина Јанчовска (Ф3) бронза во У-21, Кристијан Бајросвки сребрен во кадети, У-10 Сара Трпковска бронза, ката тим У-21 (Спасовски, Бајовски, Спасовски) злато и ката тим  кадети (Бајовски, Андриќ, Спасовски).

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON