Каратистите на Балканското првенство во Чачак

Утре и во недела се одржува Балканското првенство во карате за сениори во Чачак – Србија.

На Балканското ќе настапат 302 натпреварувачи во 16 категории во борби и кати од 10 земји: Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Кипар, Словенија, Романија, Бугарија и Турција.

Нашата репрезентација ќе настапи со 39 натпреварувачи, додека Турција е најбројна со 52, Босна и Херцеговина со 49, а Македонија е трета.

За нашите каратисти Чачак е последниот филтер за состав на репрезентацијата за Европското првенство во мај Турција. Иво Цветковски најверојатно нема да учествува на Балканското поради повредата добиена на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, а токму неговата категорија до 75 килограми е со најголема конкуренција, односно има 30 натпреварувачи.

Минатата година во Истанбул имавме добар успех, дали оваа година може да се повтори?

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON