Денеска во Прилеп се одржа Државното карате превнство за ученици, каде што имаше голем одѕив, при што натпреварувачите достојно ги бранеа боите на своите училишта, а најдобри беа од ОУ „Круме Кепески“ од Скопје со 3 латни, 1 сребрен и 3 бронзени медали.
Потоа следуваат домашните натпреварувачи од ОУ „Ѓорче Петров“ и СУГ „Мирче Ацев“, па СУГ „Јосип Броз-тито“ од Скопје итн.
Александар Неделковски прв во кати 9 одделение, кој беше подобар од Марко Бунтевски, додека на третата позиција се пласираа Александар Спасовски и Блаже Коневски.
Медали во кати освои и Ѕвонко Николовски сребрен, но и бронзен во борби.
Владанка Аврамова е најдобра во кати кај ученичките, каде што медали освоија и Моника Кох, Ивона Муфтарова.
Меѓу носителите на медали се многу репрезентативци, како сестрите Маријана и Мишела Димоски, Киријана Камческа, Верона Ајдини, Усаме Бајрами, Наум Јованов, Стефан Костиќ, Андреј Ристески, Георги Бановски, Петар Заборски и други.
Симона Симовска е прва во борби во плус 54 килограми пред Ана Савиќ за прва и втора година. Први места во борби освоија и Роберто Ацковски и Доан Османи.
Сите резултати од Државно училиштно првенство во карате во Прилеп-2016.
Ipon.mk/В. Д.