Каратистите Емил Павлов, Жарко Арсовски… ќе ја опрaваат фудбалската репрезентација на Македонија (ФОТО)

Emil Pavlov fudbal

Бидејќи македонската фудбалска репрезентација падна најнаиски гранки на ранг листата на ФИФА 141 место, решено е засилување да не се бараат од надвор, туку да се земаат европски шампиони и останати медалисти од Македонија. Како прво засилување е екс-европскиот шампион во карате и носител на бронзениот медал од Евроските игри во Баку, Емил Павлов, па браќата Жарко и Сашко Арсовски, борачот Јасин Реџелари итн.

Emil Sasko fudbal

Во Македонскиот олимписки комитет видоа дека „ѓаволот ја однел шегата“ па затоа решиле да с е потпрат на сигурни и проверени асови и да го извлечат фудалот од бездната.

Сепак, ова е само шега, бидејќи манифестацијата беше дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот, како и во однос на деновите за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица во „Куќата на фудбалот“, учество во оваа манифестација земаа и претставници нa Македонскиот олимписки комитет, од клубовите од Првата лига и претставници од „Мобилност“ – Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија.
„Голема благодарност до Националниот сојуз „Мобилност“, Македонскиот олимписки комитет и секако, нашите клубови, затоа што заеднички пративме силна порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со инвалидитет и затоа што сите заеднички полесно ќе ја промовираме потребата од промена и ќе работиме на таа промена“ изјави Ирена Бакревска Милошевска од Фудбалската федерација на Македонија.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON