Каратето со највисоки давачки, во боксот и аикидото ништо не се плаќа, во борењето обврската е само 300 денари

На 31 август во Охрид ќе се одржи Купот за кадети јуниори и У-21 во карате, кој треба да полсужи за избор на репрезентативци за Светското првенство во Венеција-Италија, од 9 до 13 октомври.

Од повикот до клубовите за пријавување на Купот се гледа дека секој натпреварувач треба да плати котизација за учетсво во висина од 1.500 денари.

Во овој момент повеќе клубови истакнаа дека сега тешко ќе го поднесат тоа, бидејќи ваучерскиот систем за оваа година се уште не е реализиран и доаѓа во време на летни одмори, кога нема прилив од членарина, а, од друга страна, и патувањето до Охрид е поскапо.

Направивме истражување колку се плаќа котизација за Државните превенства во боречките спортови, бидејќи Купот е на ранг на Државно, затоа што тоа е одржано па не може да го има двапати во една година, но и за другите обврски, како годишна членарина и натпреварувачки картон. На последното Државно карате првенство котизацијата беше 1.000 денари.

Годишната членарина за клубовите во Карате федерацијата на Македонија е 10.000 денари, а натпреварувачкиот картон е 600 денари.

Во борењето не се плаќа котизација за учество на Државно првенство, ниту пак годишна членарина на клубовите, додека натпреварувачкиот картон е 300 денари.

Во џудото се потребни 300 денари за настап на Државниот шампионат, 5.000 денари е членарината во Џудо федерацијата, а 200 е годишната регистрација.

Во боксот сите трошоци се на товар на Боксерската федерација. БФМ ја организира Првата и Младинска бокс лига која исто така е на товар на федерацијата. Покрај ова, има и награден фонд за најдобрите клубови во Првата и Младинската лига, односно за првите три екипи во двете конкуренции.

Во таеквондо по турнирски систем се одржуваше државниот првак и се плаќаше котизација 600 денари. Годинава ќе се одржи класично Државно првенство во еден ден, но учеството ќе биде без котизација.

Во кикбоксот котизацијата е 500 денари, додека годишната членарина во Федерација е 4.000 денари, додека натпреварувачки картон е 300.

Во Аикидо федерацијата не се плаќа ништо од овие категории.

Во џиу џицу котизацијата е 300 денари, годишната членарина е 6000 денари, а натпреварувачкиот картон 300.

И во самбото не се плаќа ништо, како и во кендото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО