Каратето пак доби „црвен картон“ за Олимписките игри во Париз 2024

Меѓународниот олимписки одбор пак ги одби барањата за каратето и сквошот да бидат дел од Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Претставници на овие два спорта се обратија до МОО со барање за вклучување, но од организацијата им беше одговорено дека уште во февруари е утврден конечниот список на спортови кои ќе се најдат на игрите во 2024 и дека во програмата ќе бидат вклучени брејкденс, сурфање, ролање, а ќе биде задржено и спортското искачување. Од оваа група на спортови испаднаа каратето и сквошот, кои сепак ќе бидат дел од ЛОИ во Токио 2020.

Ова е голем удар за карате спортот кој има милиони приврзаници, но и за Македонија, бидејќи каратето е еден од спортовите кој има најголеми успеси во полседните неколку години.

Да потсетиме дека Емил Павлов (-60 кг) двократен европски шампион, и во моментов актуелен, а има уште многу каратисти со врвни остварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON