Дијана Каратеева – петкратната европска шампионка во кик бокс е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Абакан, Хакасија, објави руската новинска агенција ТАСС.
Според првичните вести, причина за смртта на 23-годишната руска спортистка е труење со јаглерод моноксид.
„Дијана Каратеева беше пронајдена во нејзиниот дом без никакви знаци на живот. На 16 септември беше пронајдена од пријатели кои повикаа итна помош“, соопштија тамошните власти.