Карате тимовите во кумите и кати освоија три бронзи, а Македонија 18 медали на Балканското првенство

Македонските карате тимови во борби и кати освоија три борнзи на последниот ден на Блаканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево.

Со бронзи се закитија машките кумите тимови за јуниори и У-21, како и кадетско-јуниорски ката тим мажи.

Најмногу прикажа тимот во У-21 со вкупно три победи.

За јуниорскиот кумите тим настапија: Цветан Маргаритов, Филип Наумовски, Фисник Шаќири, Адријан Симоновски, Филип Стојанов, Андреј Стојчевски и Блертон Сулемани.

Во У-21 кумите тимот боите на Македонија ги бранеа: Матеј Белистојаноски, Данило Божовиќ, Стефан Стојановиќ, Вукашин Јовановиќ, Љупче Михајлов, Реџеп Рушити ии Недим Шаќири.

Ката тим за кадети и јуниори настапи во состав: Симон Михајловиќ, Марин Пенџерковски и Зоран Смилевски.

Македонија го заврши Балканското првенство на четврото место со 18 медали – 4 златни, 4 сребрени и 10 бронзени. Прва е Босна и Херцеговина со 36 медали (14-7-15, втора е Србија 24 (8-8-8), додека Турција е трета со 33 медали (7-9-17).

Резултати:

Кумите тим јуниори
Македонија – Црна Гора 2-3
Репасаж – за бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 1-3

Ката тим кадети и јуниори
Македонија – Србија 21,40-22,80
Репасаж за бронза
без противник

Кумите тим У-21
Македонија – Хрватска 3-1
Македонија – Романија 3-1
Македонија – Србија 0-4
Репасаж за бронза
Македонија – Словенија 3-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON