Карате тимовите во борби по тешките битки сопрени да дојдат до медали на ЕП

karate reprezentacija maski BP 2016

Машката и женската карате репрезентација во борби не успеаја да стигнат до  рапределабата на медали по тешките борби со Англија и Турција на Европско првенство во Монпелје, Франција.

Машкиот тим во состав Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Сашо Патраклиев, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Тодор Ристески и Енес Смаилагиќ во првиот меч ја совладаа Унгарија со 3-1 (Харспатаки, Хенинг, Сегеди, Тадиси, Тамаш, Вираги), а во второто коло загубија 5-1 од Англија (Харви, Џеј, Келавеј, Ото, Слејтер, Томас), иако едно време стоеше информацијата дека е 2-2 и дека понатаму оди Македонија. Потоа Холандија ја победи Англија, па така пропадна можноста за репасаж.

Reprezentativna trojka od makpetrol

Женски тим Наташа и Моника Стефановски, Симона Заборска и Сара Радичевска славеа со 2-1 против Англија (Баркит, Харви, Хари и Скот), но во вториот меч Турчинките Чобан, Озџелик, Тошун, Туран беа подобри и победија со 2-0. Резултатот се кршеше во вториот меч, кога нашата репрезентативка водеше 2-1 и при крајот Турчинката изедначи на 2-2.

Турската репрезентација во полуфиналето загуби од Азербејџан со 2-1, па така тие ќе се борат во репасажот за бронзениот медал и од другата група Франција.

Претходно, македонскиот женски ката-тим (Маријана и Мишела Димоски, Пуликсенија Јованоска), со 5-0 ја совлада Украина (Бихич, Билјук, Јацкова), потоа загуби од Италија (Батаља, Ботаро, Пицети), која пак загуби од Германија и нашите надежи за репасаж пропаднаа.

Машкиот ката-тим на Македонија (Исиќ, Станоев, Ристевски) уште во првиот дуел против Австрија (Рат, Штругел,Фалет) загуби со 0-5, а Франција потоа ја елиминира Австрија.

На бронзен медал ќе чекаме на Пуликсенија Јованоска во кати за жени, Наташа Стефановска (-61 кг) и Емил Павлов (- 60 кг) во борби. Нивните борби за медал се утре и во недела.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON