Карате Шампионат на балканските земји во Скопје

Утре и во недела Скопје се одржува Шампионатот на балканските земји натпревар за кадети, јуниори и У-21, како и „Трофејот Македонија“ во „Борис Трајковски“ и во „Јане Сандански“.

Право на учество имаат сите млади каратисти кои настапија на Државното првенство во Скопје и кои ги исполнија критериумите во возрасните и тежински категории.

На 14 декември натпреварите се во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ (мала сала) во кати за кадети, јуниори и У21, поединечно и екипно, во машка и женска конкуренција со почеток од 15:00 часот.

На 15 декември во „Јане Сандански“ (мала сала) се кумите натпреварите  за кадети, јуниори и У-21, поединечно и екипно, во машка и женска конкуренција со почеток од 9:00 часот.

„Трофеј на Македонија” ќе се одржи утре во малата сала на СЦ „Борис Трајковски”.

Турнирот е од позивен каратер на кој учествуваат 101 натпреварувач, голем број од нив се медалисти на големи натпреварувања, на европски и светски првенства а ќе настапат и нашите најдобри каратистри предводени од Емил Павлов, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Пулексенија Јованоска, Ферри Исиќ и многу други. Селекторите во ката Стојан Андриевски и во борби Сашко Арсовски сметаат дека ова е добра можност за завршница на една успешна година во каратето како и проверка на натпреварувачите пред претстојните големи натпревари во 2020 година.

Турнирот започува во 09:00 часот а финалните борби се во 12:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON