Синоќа картистите репрезентативци во Суто Море, Црна Гора, кои се на карате семинарот и се подготвуваат за Универзијадата во Загреб, го одбележаа Рамзан Бајрам во чест на репрезентативните другари и тренери.
Организатор на прославата беше Драган Градновски-Џеф со помош на Елвир и Самир Куртановиќ.
„Никој не бирал кога и каде ќе се роди, но битно е како воспитуван, а ние сме упатени да се почитуваме меѓу себе“, рече во пригодниот говор Елвир Куртановиќ.
На вкусните баклави никој не и одолеа, а Азиз, Амир, Елвир, Самир се покажаа добри домаќини, а Џеф и Мирче Јанушевски рекоа дека секоја година го организираат свечениот чин на прослава на најголемиот муслимански празник во клубот.
Инаку Кеикс, Металург и Макпетрол се на семинарот во Суто Море преку Туристичката агенција Скаут.
Ipon.mk/В.Д.