Карате репрезентацијата на Македонија утрово отпатува на Европското првенство за сениори што ќе одржи од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.
Најдобриот македонски каратист Емил Павлов кој досега се радуваше на двa златни мeдали на ЕП во 2014 во Тампере и 2018 година во Нови Сад, како и на две бронзи, а во 2021 беше светски вицешампион. Освои и пет медали во Премиер лигата, од кои три златни. Освои по еден медал на МИ и Европските игри.
„Во изминатите неколку дена бев на подготовки со македонската репрезентација во Скопје. Во мојата категорија има 35 натпреварувачи. Треба да победам четворица противници за да стигнам да се борам за златото. Верувам дека нема да разочарам“, изјави Емил Павлов.
Селекторите во борби Александар Кузмановски и во кати Стојан Андриевски за веб-страницата на Карате федерацијата на Македонија истакнаа дека се задоволни од прикажаното на целиот тим на овие подготовки, како од интензитетот, посветеноста, дисциплината, така и од високиот морал на секој од нив за остварување на високи резултати на ова Европско првенство.
На ЕП настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.
За Македонија ќе настапат:
Борби, жени
-50 кг Михаела Мишовска
-55 кг Симона Заборска
-61 кг Вероника Костовска
-68 кг Ангела Мојсовска
+68 кг Ердона Зибери
Борби, мажи
-60 кг Недим Шаќири
-67 кг Емил Павлов
-75 кг Петар Заборски
-84 кг Петар Спасеновски
+84 кг Данило Божовиќ
Во екипно борби ќе настапат и Викторија Јовановска, Витомир Трајовски,
Стефан Стојановиќ и Нурсел Мисини.
Кати, мажи
Кристијан Бајовски
Ката тим (Бајовски, Спасовски, Стојаноски)
Фото: КФМ